Здравство

Се стабилизира состојбата со Ковид-19

01.07.2021 09:40

Вакцинацијата продолжува непречено по градовите во земјата, а од денеска вакцината „Синовак“ ќе се аплицира и во Скопје и во Битола.

Состојбата со Ковид-19 во земјата се стабилизира по намалување на бројот на заразени лица, така што вчера се регистрирани само два нови случаи од направени 2.216 тестирања. Не се регистрирани ниту оздравени пациенти и починати лица.

Вакцинацијата продолжува непречено по градовите во земјата, а од денеска вакцината „Синовак“ ќе се аплицира и во Скопје и во Битола.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 223.

Од денеска исто така ќе можат да се организираат и свадби во затворен протор, согласно усвоените протоколи.