Заев од Преспа форумот за дијалог: Балканот е нова надеж на Европа

01.07.2021 21:50

Во своето обраќање тој потсети на искуствата од минатото кога регионот на Западен Балкан беше место каде се градеа ѕидови и се осврна на сегашноста кога државите од регионот поставуваат нови стандарди и градат мостови.

Премиерот Зоран Заев, денеска во Охрид, се обрати и официјално го отвори првиот „Преспа форум за дијалог“, на тема „Патот до Преспа“.

Во своето обраќање тој потсети на искуствата од минатото кога регионот на Западен Балкан беше место каде се градеа ѕидови и се осврна на сегашноста кога државите од регионот поставуваат нови стандарди и градат мостови.

Како што рече тој, со Договорот од Преспа светот доби еден нов Балкан, европски, Балкан кој покажува и намери и капацитети да биде слободен, поврзан, еднакво вреден и еднакво важен дел од напредниот свет.

„Во времиња на големи глобални и идеолошки пресвртници, радикализации и неизвесност, ние станавме испорачувачи на решенија и мир. Внесовме надеж. Нема нешто што еден лидер би сакал повеќе да остави зад себе, за својата земја“, порача премиерот Заев.

Покрај премиерот Заев, на официјалното отворање се обраќаат и поранешниот премиер на Република Грција Алексис Ципрас, медијаторот во спорот со името, специјалниот пратеник на Генералното Собрание на ООН Метју Нимиц, помошниот државен секретар на САД Филип Рикер, еврокомесарот за буџет Јоханес Хан, францускиот дипломат и амбасадор Ричард Ле Рој, Федерика Могерини поранешна висока претставничка на ЕУ и Џорџ Робертсон поранешен генерален секретар на НАТО, претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на ДУИ Али Ахмети.