Политика

На 13-ти јули СДСМ ќе ги објави првите 20 кандидати за градоначалници за локалните избори

02.07.2021 08:40

Според генсекот, СДСМ, ДУИ и ДПА со заеднички кандидат за градоначалник на Скопје. Петре Шилегов го номинирале општинските организации. Деталите ќе бидат познати по лидерската Заев-Ахмети идната недела. Можно е СДСМ во Гостивар да настапи со кандидат за градоначалник Албанец.

На 13-ти јули СДСМ ќе ги објави првите 20 кандидати за градоначалници за локалните избори, брифираше генералниот секретар Љупчо Николовски. До крајот на август ќе бидат познати кандидати за сите општини.

Според генсекот, СДСМ, ДУИ и ДПА со заеднички кандидат за градоначалник на Скопје. Петре Шилегов го номинирале општинските организации. Деталите ќе бидат познати по лидерската Заев-Ахмети идната недела. Можно е СДСМ во Гостивар да настапи со кандидат за градоначалник Албанец.

Според анкетите на партијата, СДСМ води со 21,7 насто пред ВМРО-ДПМНЕ со 19 проценти. 

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Притиснат од најновите анкети, Николовски селективно викаше новинари за да каже дека наводно воделе со 1 процент. СДСМ го очекува катастрофа и дебакл, стои во дописот.

ВМРО-ДПМНЕ најавува комплетно нови кандидати за локалните избори. Партијата веќе има дефинирано 15-на кандидати, а до средината на јули ќе соопшти уште толку.