Прекината комисиската расправа за предлог измените на Законот за државјанство
Прекината расправата во Комисијата за одбрана и безбедност за Предлог- законот за државјанство поднесен од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Процедурални забелешки и жестока расправа. ВМРО-ДПМНЕ реагираше бидејќи не се дебатира за ребалансот на буџетот. Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет кој е од ВМРО-ДПМНЕ треба да ја закаже седницата, возвратија од власта...

По речиси еден час реплики и контрареплики, прекината Комисијата за одбрана и безбедност за предлог- законот за државјанство. Опозициската ВМРО – ДПМНЕ реагираше дека власта прави упад во собранискиот деловник со ставање на предлог додека трае расправата за ребалансот на буџетот. За власта, веќе видено сценарио.
Опозицијата незадоволна зошто Законот за државјанство се носи по скратена постапка. Побараа и стручната фела да биде вклучена во дебатата .
Подносителите на измените на Законот за државјанство, Алијанса за Албанците и Алтернатива, со став-носењето на законот да не се блокира.
Опозициските партии од албанскиот политички блок побараа пратениците да ги остават настрана политичките интереси.
Дијана Ценевска
