Делта сојот се шири во регионот, можни нови мерки за заштита
Пристигнаа 10 илјади вакцини „Астра Зенека“, донација од Хрватска. Загреб најави дополнителни количини, а Данска вети 250 илјади дози. В понеделник, состанок за опасноста од делта сојот и за можните мерки...

Делта сојот се шири во регионот. Членовите на Комисијата за спречување заразни болести, истажуваат и прават анализи. На состанокот в понеделник ќе разговараат дали и какви мерки треба да бидат преземени за да се спречи ширењето на овој сој во Македонија.
„Тоа што би разговарале и евентуално би носеле некаква одлука е во однос на штитење на границите, во однос на тестовите. Да се процени ризикот, дали е тоа вистинска марка со која навистина може да се заштитиме“, изјави министерот за здравство Венко Филипче
Десет илјади вакцини „Астра Зенека“ стигнаа како донација од Хрватска. Но, хрватската влада во идниот период ќе донира уште 20 илјади вакцини. Вакцините ќе бидат на „Модерна“, што би било прва пратка од овој производител во земјава или „Астра Зенека“. До крајот на следната недела 500 илјади граѓани ќе бидат вакцинирани, рече Филипче. Тој апелираше граѓаните да се пријават за вакцинација, а најави дека ќе почнат и со поинтензивна кампања, како и со теренска вакцинација на хронично болните и лицата што не можат да се движат. Според хрватскиот министер за надворешни работи, вакцинацијата е клучна за ставње крај на пандемијата.
„Ние водиме сметка, сите во Хрватска да бидеме вакцинирани. Да можеме да елиминираме било какво чувство или аргумент или доказ за било каква зараза. И затоа сме едни од први кои што го подржаа дигиталениот пасош за имунизација. Сакавме оваа година и покрај предизвоиците со Ковид – 19 кои продполжуваат, еве сега имаме вакцина, сакавме да обезбдениме сигурен проток на луѓе без проблема со нагласување на дигиталниот сертификат“, изјави хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман.
Данска ќе ни донира 250 илјади вакцини, најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Од здравство информираа дека идната недела во се очекува уште една пратка од 10 илјади вакцини „Спутник“.
Наташа Јанчиќ Менковски
