Здравство
11 нови случаи со Ковид-19, еден починат
02.07.2021 14:53
Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.700 случаи, нешто повеќе од 150 илјади се излекувани, а 5.486 починале.

Во изминатото деноќие од направените 2.723 тестирања, регистрирани се 11 нови случаи на Ковид-19. Во болница, битката со вирусот ја загубил еден пациент. Како оздравени се водат 4 пациенти.
Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.700 случаи, нешто повеќе од 150 илјади се излекувани, а 5.486 починале. 147 се активни случаи.
