Потврден нов случај на делта сој, за уште четворица се чекаат резултати
Министерството во текот на денот треба да информира дали заболените биле во странство и со кого имале контакти. Сите биле невакцинирани...

Детектиран нов случај на индиски сој на коронавирусот кај пациент кој се лекува во Велес. Резултати се чекаат за уште четворица од Скопје, информира министерот за здравство Филипче. Еден од нив е со потешка клиничка слика и е на респираторна машина. Министерството во текот на денот треба да информира дали заболените биле во странство и со кого имале контакти. Сите биле невакцинирани.
Филипче најави дека неделава Комисијата за заразни болести ќе разговара за заострување на мерките на границите за воведување на задолжителен ПЦР тест за невакцинираните, кои пристигнуваат од земјите каде е регистриран делта мутацијата. Според министерот, треба да има поорганизиран пристап во комуникацијата за да се носат и поефикасни мерки. Информира дека теренската вакцинација почнува од наредната недела.
Ресорниот министер смета дека е рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Во моментов вели е најважна целосната вакцинација на наставниците. Сите сценарија за почеток на школската година се подготвени, рече Филипче при посетата на обновената ургентна амбуланта на Гинеколошко- акушерската клиника.
Дијана Ценевска
