Австралија
Продолжен карантинот во Сиднеј
07.07.2021 09:45
Градот се бори со најсилниот бран на пандемијата годинава.

Австралија го продолжува двонеделниот локдаун во Сиднеј за уште една недела, за да се спречи ширењето на заразниот делта сој. Градот се бори со најсилниот бран на пандемијата годинава.
Вкупниот број на заразени надмина 330 лица по првиот случај на инфекција пред три недели. Властите во државата Нов Јужен Велс на 26 јуни воведоа строга блокада за да се запре ширењето на индиската мутацијата.
