Европа
Делта сојот се шири во Грција, најавени нови ограничувања
07.07.2021 10:11
Од утре, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку имаат места за седење.

Бројот на нови случаи на коронавирус во Грција забразно расте. Делта сојот е забележан особено кај младите. Најавени се нови ограничувања.
Од утре, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само доколку имаат места за седење.
Во последните 24 часа се регистрирани 1.797 нови случаи на зараза. Просечната возраст на новозаболените лица е 27 години.
Во меѓувреме, Велика Британија најавува целосно отворање на земјата и крај на пандемијата на 19-ти јули.
