Разговори меѓу талибанците и авганистанските власти
Зариф ги повика „авганистанскиот народ и политичките лидери“ да донесат одлуки за иднината на земјата, додека талибанците воено напредуваат на теренот со повлекувањето на американските сили.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Зариф во Техеран ги отвори разговорите меѓу талибанците и претставниците на авганистанските власти. Состанокот се одржува во момент кога американските сили се повлекуваат од Авганистан.
Зариф ги повика „авганистанскиот народ и политичките лидери“ да донесат одлуки за иднината на земјата, додека талибанците воено напредуваат на теренот со повлекувањето на американските сили.
Авганистанските власти ветија дека ќе ги повратат сите области изгубени од талибанците, бидејќи повлекувањето на американските сили е при крај.
Стотици командоси беа распоредени за да се спротивстават на бунтовничката офанзива во северниот дел на земјата, еден ден откако над 1.000 владини трупи се повлекоа во соседен Таџикистан. Бунтовниците веќе ги контролираат сите околни села во провинцијата Бадгис.
САД, пак, изразија загриженост за намерата на Иран дополнително да се ослободи од своите нуклеарни обврски и го повикаа да престане со „провокации“.
„Загрижувачки е што Иран избра да ги ескалира своите експерименти во областа на истражување на нуклеарното оружје. Тоа е уште еден несреќен чекор назад за Иран, особено што ние чесно ги покажавме нашите намери и волја да изнајдеме попродуктивни начини да се справиме со нуклеарното прашање“, вели Нед Прајс, портпарол на Стејт Департментот.
Иран објави дека презема конкретни чекори за производство на збогатен ураниум до 20 процентна чистота како гориво за реакторите.
Марина Ристова
