Ковид-19

Филипче: Засега нема потреба од воведување на рестриктивни мерки поради делта сојот

08.07.2021 12:41

Засега нема потреба од воведување на рестриктивни мерки поради делта сојот, вели министерот Филипче. На утрешниот состанок на Комисијата за заштита од заразни болести ќе се разговара дали ќе има препораки за влез во државата.

„Претежно ќе се зборува за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез, на границите, иако гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки, Грција на пример, има пораст на нови случаи. Треба да се препорачаат мерки кои што навистина ќе бидат ефикасни“, рече Филипче.

Сепак, единствена заштита од вирусот е масовната вакцинација, порача од Охрид министерот за здравство, Венко Филипче.