Маричиќ: Остануваме партнер во социјалниот дијалог со синдикатите

08.07.2021 12:56

Маричиќ ја потврди силната заложба на Владата и Министерството за правда да бидат стабилен партнер во социјалниот дијалог со Синдикатот на УПОЗ, со цел подобрување на животниот стандард на работниците.

На денешното обраќање на настанот по повод јубилејот 30 години Синдикат на УПОЗ , министерот за правда Бојан Маричиќ ја потврди силната заложба на Владата и Министерството за правда  да бидат стабилен партнер во социјалниот дијалог со Синдикатот на УПОЗ, со цел подобрување на животниот стандард на работниците.

Низ годините постоеле ситуации кога Владата и Синдикатот се нашле на различни страни, но стремежот наш отсекогаш бил и ќе биде да има партнерски однос со синдикатите. Дури и кога не се согласуваме за одредени работи, успеваме низ конструктивен и искрен дијалог да дојдеме до заедничко решение и да постигнуваме договори, бидејќи интересите на работниците треба да се на прво место, кажа Маричиќ во своето обраќање.

Министерот ја истакна и важноста на синдикалното делување и улогата на државата во борба за слободна, демократска, правна и социјална држава, но и достоинство на професијата.