Политика
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со истрошени кадри оди во изборен пораз
14.07.2021 10:03
Заев избра неработници, неспособни и кандидати заштитници на криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ со истрошени кадри оди во изборен пораз, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако Социјалдемократите открија дел од кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори.
Според партијата, синоќа Заев го предложил Шилегов за градоначалник на Скопје, кој вети и не направи тунел под Кале, ниту го продолжи булеварот Илинден кон Ѓорче Петров.
Заев избра неработници, неспособни и кандидати заштитници на криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
