Филипче: Се размислува за присуство на настани само со сертификат за вакцинација
Надлежните размислуваат само со сртификат за вакцинација да може да се присуствува на групни настани од есен. Според минситерот Филипче, важно е медицинскиот персонал, наставниците и вработените од градинките да бидат целосно имнузирани. Бидејќи вакцината не е задолжителна документот за вакцинација како „влезница“ би ги мотивирал граѓаните за имунизација и создавање на колективен имунитет...

Надлежните размислуваат само со сртификат за вакцинација да може да се присуствува на групни настани од есен. Според минситерот Филипче, важно е медицинскиот персонал, наставниците и вработените од градинките да бидат целосно имнузирани. Бидејќи вакцината не е задолжителна документот за вакцинација како „влезница“ би ги мотивирал граѓаните за имунизација и создавање на колективен имунитет.
„Мораме да размислуваме за некои алтернативни решенија, на пример да се присуствува на настани со масовно присуство, дали на затворено, дали на отворено, дали во кино, на културни настани, само со таков сертификат и тоа е нешто што можно е да го препорачаме од есенските месеци, сега во месец јули и во август, кога има многу патувања и фреквенција на луѓето да ставиме акцент на сите овие активности кои ги правиме за да го зголемиме опфатот“, рече Филипче.
Според министерот, капацитетите за вакцинација се така димензионирани да може да се вакцинираат помеѓу десет и петнаесет илјади граѓани, кога имаше дадено термини.
Гледајќи дека нема повеќе интерес преку системот за закажување, затоа ги отворивме пунктовите да се вакцинираат сите кои ќе покажат интерес. Нашата проценка е дека до крајот на месец јули околу 500.000 илјади луѓе ќе бидат вакцинирани со една доза и приближно толку ревакцинирани, рече Филипче.
Сепак, според него, тоа не е доволно бидејќи се јавуваат нови мутации – индискиот е еден од нив, кои се многу преносливи.
