Турција бара екстрадиција на државјани вмешани во превратот
Турција бара естрадиција на 20 турски државјани вмешани во организацијата за превратот од пред пет години. Неекстрадирањето на обвинетите нема да ги наруши блиските пријателски односи, но Анкара нема да се откаже од барањата за задоволување на правдата. Турција смета дека Северна Македонија и Бугарија се две пријателски држави и дека самите треба да најдат решение за остранување на блокадата на евроинтеграцијата на земјава...

Турција бара естрадиција на 86 турски државјани од земјава обвинети за учество во обидот за државен удар пред пет години. Турскиот амбасадор соопшти дека за 20 од нив веќе до македонските власти биле доставени барања за естрадиција поради вмешаност во организацијата „Фето“ на иницијаторот на превратот Фејтула Ѓулен. Нивното неиспорачување нема да ги наруши добрите пријателски односи меѓу Турција и Северна Македонија, вели турскиот дипломат додавајќи дека Анкара нема да се откаже од барањата за естрадиција, како што бара и естрадиција на лидерот на превратот Фејтула Ѓулен од САД, кој од 99-та е американски државјанин.
По посетата на македонскиот премиер Заев и на бугарскиот претседател Радев на Турција, официјална Анкара нема да се вклучи поактивно во решавање на спорот меѓу двете земји што ја блокира евроинтеграцијата на земјава.
Во обидот за државен преврат пред пет години загинаа над 240 луѓе во Турција, а илјадници се уапсени. Турција ја смета организацијата „Фето“ на Фејтула Ѓулен за терористичка организација и бара од своите сојузници и пријатели да ја разберат опасноста од нејзиното дејствување.
Ирина Гелевска
