Македонија

Промовиран првиот аудио читач за лицата со оштетен вид

14.07.2021 13:55

Промовиран првиот аудио читач „Кико“ за лицата со оштетен вид. Апликацијата е дигитално помагало што претвора глас во слика, односно тоа што ќе биде напишано ќе се слуша на компјутер или на мобилен телефон во аудио верзија. Аудио читачот има нормален глас кој зборува на литературен македонски јазик, бесплатен е и од денеска е достапен за користење...

Промовиран првиот аудио читач „Кико“ за лицата со оштетен вид. Апликацијата е дигитално помагало кое претвoра глас во слика, ќе биде напишано на компјутер или на мобилни телефони во аудио верзија. Лицата со оштетен вид со ова помагало ќе праќаат електронска пошта, пораки, ќе слушаат предавања и лекции, книги и поеми. Од националниот сојузот на слепи велат - досега морале да плаќаат за да користат ваква апликација и истата да биде на странски јазик. Ова ќе го олесни и образовниот процес на лицата со оштетен вид.

Апликацијата е лесно разбирлива, наместо робот, аудио читачот е со глас на литературен македонски јазик. Министерката Шахпаска информираше - освен овие лица, аудио читатачот ќе може да го користат и лицата со дислексија и оние кои имаат потешкотии со учењето. Премиерот Заев се заложи Владата да биде поинклузивна во создавањето политики и ја повика бизнис заедницата да вложува во изработката на слични помагала.

Апликацијата е бесплатна и достапна на македонски, а за неколку месеци и на албански јазик. Направена е по иницијатива на Министерство за труд и Програмата за развој на Обединетите нации.

 

Викторија Милевска