Разрешен поротникот Митко Сандев, „Талир 1“, „Титаник“ и „Тендери“ почнуваат од почеток
14.07.2021 13:38
Судскиот совет едногласно го разреши поротникот, Митко Сандев, кој наполни 60 години...

„Талир 1“, „Титаник“ и „Тендери“ почнуваат од почеток. Судскиот совет едногласно го разреши поротникот, Митко Сандев, кој наполни 60 години.
Во случајот „Талир 1“, каде освен поранешни високи фукционери на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети за нелегално финансирање на партијата, замрзнат е и имотот. Од Кривичен информираа дека во тек е распределба на предметите по кои досега постапувал судијата кој времено е одалечен од извршување на судиската функција.
Повеќе детали се најавени на утрешниот брифинг за медиумите со претседателот на судот, Џолев.
