Се одложуваат повеќе судски процеси до назначување нов судија- поротник
Со разрешување на поротникот од почеток ќе стартуваат и предметите „Титаник“ за изборни нерегуларности, „Талир“ - за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и случајот „Топлик“- за изградбата на Сончев град.

Разрешувањето на судијата поротник ќе го врати од почеток процесот „Тендери“, во кој обвинета е поранешната министерка Елизабета Канческа Милевска. Давањето на завршни зборови кое беше закажано за денеска се одлага се до назначување на нов судија –поротник, информираат од Кривичниот суд.
Со разрешување на поротникот од почеток ќе стартуваат и предметите „Титаник“ за изборни нерегуларности, „Талир“ - за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и случајот „Топлик“- за изградбата на Сончев град.
Судскиот совет го разреши и судијата Горан Бошевски, па отпочеток ќе започнат и судењата „Траекторија“ за изградбата на автопатиштата, но и предметите „Талир 2“ и „Шпански скали“.
