Заеднички царински контроли на „Ќафасан“
За олеснување на трговијата и подобрување на прекугрничната соработка меѓу Северна Македнија и Албанија, на најголемиот граничен премин „Ќафасан“ од денес се воспоставени заеднички царински контроли. УСАИД донираше 100.000 американски долари за опрема, вклучувајќи и мобилни скенери, дензитометри, камери кои ќе ги користат царинските управи на двете земји...

Македонија и Албанија од денес воспоставија заеднички граничен премин и заеднички контроли на најголемиот премин меѓу двете земји- „Ќафасан“. Целта е олеснување на трговијата и транспортот, како и подобрување на прекуграничната соработка помеѓу двете земји.
Владата на САД ќе соработува со двете влади за зајакнување на капацитетите на нивните царински управи за извршување на заеднички царински контроли во согласност со меѓународните стандарди.
„Со фокусирање на проекти од ваков вид, ние како Царинска управа, постојано сме насочени кон развивање на решенија и услуги, со кои се поедноставува и олеснува работата на учесниците во царинската и надворешно-трговската постапка“, истакна Илија Јоновски, раководител на оддел за меѓународна соработка.
УСАИД донираше 100.000 американски долари за опрема, вклучувајќи и мобилни скенери, дензитометри, камери кои ќе ги користат царинските управи на двете земји.
„Алатките и опремата набавени од страна на УСАИД заедно со тимската работа и тесната соработка помеѓу двете страни ќе им овозможи на царинските власти на Ќафасан да ги достигнат највисоките стандарди на царинските процедури овозможувајќи на тој начин поволно бизнис опкружување и безбедноски контроли“, изјави Амбасадорката на САД во Албанија, Јури Ким.
Од транспортната идустрија задоволни, велат заедничките контроли ќе овозможат полесно поврзување на пазарите и намалување на физичките бариери.
„За траспортерите тоа ќе значи побрзо поминување на границите пократки гранични формалности и единствени контроли на едно место со едно застанување националните економии зависат од транспортот од меѓународната размена од експоротот и импортот од увозот и извозот“, истакна Оливера Миовска.
Проектот на УСАИД за поддршка на регионалната економска соработка преку подобрување на ефикасноста на заедничките гранични контроли на „Ќафасан“ за економски развој, е дел од регионална иницијатива во 12 земји во Европа и Евроазија која има за цел создавање на инклузивен, одржлив економски раст.
Соња Рилковска
