На Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ пуштено во функција целосно реновирано крило
Првиот човек на клиниката, д-р Трајановски, е задоволен што пацинетите ќе имаат подобар третман.

По долги години едно цело крило од Клиниката за ортопедија целосно се реновира, со болнички капацитети, со санитарни чворови, со простории за болнички пациенти. Првиот човек на клиниката, д-р Трајановски, е задоволен што пацинетите ќе имаат подобар третман.
Како директор веќе девет месеци, единствено нешто што ме води е пациентот и сакам да има задоволни пациенти, затоа што ако има задоволни пациенти ќе има задоволен медицински кадар. Оваа Влада доволно направи за дигнитетот на здравствениот кадар. Нас ни преостанува само да се посветиме на пациентите и да ја вршиме нашата работа најдобро што знаеме, изјави д-р Александар Трајановски.
Министерот Филипче рече дека реновирањето на Клиниката е уште едно од низата реновирања во Хирушките оддели и во Клиничкиот центар. Посочи дека продолжуваат со оваа динамика на реновирање одделенија кои се стари и повеќе децении не се реновирани.
