Заев: Локални избори на 31-ви октомври, за предлогот треба да се изјаснат партиите
Се подготвува законско решение актуелните локални власти да останат до изборот на нови. За отворените листи има договор со поголемите партии, се чека ставот на малите- вели премерот Заев.

Локалните избори да се одржат на 31-ви октомври. За предлогот треба да се изјаснат партиите. Се подготвува законско решение актуелните локални власти да останат до изборот на нови. За отворените листи има договор со поголемите партии, се чека ставот на малите- вели премерот Заев.
Не сакаме кампањата да се совпадне со пописот. И секако, причината за одлагањето е пандемијата. Ако тоа не се промени со закон, изборите треба да бидат на 17-ти и ќе има совпаѓање на кампањата со пописот. Предлогот доминантно од партиите е 31-ви октомври, иако сите ќе се изјаснат. Ако се согласат и тоа ќе биде вградено во Изборниот законик, рече Заев.
Според него, за парламентарните избори може да се оди на ново унапредување на демократските модели на гласање. Се надевам дека ќе постигнеме консензус, важно е опозицијата да потврди дека е среќна за тој и тој датум за изборите, истакна Заев.
