Муслиманите го слават Курбан Бајрам, државниот врв со честитки
Колективните обреди се одржуваат во дворовите на џамиите поради мерките за запштита од пандемијата. Верниците во духот на традицијата слават во кругот на семејството.

Муслиманскиот празник Курбан Бајрам ќе трае четири дена. Колективните обреди се одржуваат во дворовите на џамиите поради мерките за запштита од пандемијата. Верниците во духот на традицијата слават во кругот на семејството.
Да бидеме отворени и солидарни кон сите на кои им е потребна помош и поддршка, државниот врв и лидерите на политичките партии со честитки до верниците.
„Потребно е да ги надминеме сите несогласувања и недоразбирања и сплотени да работиме за доброто на секој наш граѓанин“, вели претседателот Пендаровски.
Премиерто Заев порача: „Нека биде празникот и поттик, во периодот што следи масовно да се вакцинираме како најефикасно средство во борбата против пандемијата со Ковид -19 и така заедно да успееме најбрзо и најбезболно да се заштитиме и да ги пребродиме нејзините последици.“
На своите сограѓани претседателот на Собранието Талат Џафери им го честита Курбан Бајрам, празникот на солидарноста, добродетелството, на чистите срца и мисли.
Со подадена рака заеднички да ги надминеме предизивиците, порача Мицкоски, лидерот на најголемата опзиициска партија.
Марина Стојанова- Тонева
