Безос: Летот кон вселената е отскочна штица на патот кон иднината
Тој се врати на Земјата по патувањето со ракета од неговата самофинансирана компанија Blue Origin од пустината во американската држава Тексас.

Основачот на Амазон, Џеф Безос, вели дека неговиот туристички лет кон вселената е отскочна штица на патот кон иднината. Тој се врати на Земјата по патувањето со ракета од неговата самофинансирана компанија Blue Origin од пустината во американската држава Тексас.
Во капсулата на ракетата Њу Шепард, со него беа неговиот брат, Марк Безос и најстариот и најмладиот човек во вселената, Воли Фанк, 82-годишен пилот и една од жените „Меркур 13“, на кои НАСА им го забрани патувањето во вселената и покрај завршувањето на тестовите за астронаути во 50-тите, како и 18-годишниот Оливер Дамен, холандски неодамнешен матурант, чиј татко платил место за време на летот.
„Најдлабокото за мене беше да гледам во Земјата и да гледам во атмосферата на Земјата. Секој астронаут, секој што е нагоре во вселената, го велат ова, дека тоа ги менува и се воодушевени и зачудени од Земјата и нејзината убавина, но и од нејзината кршливост“- изјави Безос по патувањето.
