Политика

Анкета на „Брима“: СДСМ и Заев со најголема доверба кај граѓаните

21.07.2021 11:36

Според резултатите, на прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ - 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, а 16,3 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА.

СДСМ и претседателот Заев уживаат најголема доверба кај граѓаните, коментираат од владејачката партија. Оттаму објавија анкета, изработена од агенцијата „Брима“.

Според резултатите, на прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ - 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, а 16,3 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА.

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ - 12,6 отсто се определиле за Заев, 6 отсто за Мицкоски, велат од СДСМ.

Анкетата на „Брима“ била правена во периодот од 28 мај до 16 јуни, на терен, во домовите на испитаниците, преку Тапи методот, при што се опфатени 1.194 испитаници. Маргината на грешка е плус минус 2,8 отсто.