Македонија

Пендаровски ги одликува Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со Орден за заслуги

23.07.2021 13:48

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за Република Северна Македонија...

За исклучителниот и огромен придонес во развојот на нашето општество, култура, историја и иднина, претседателот Пендаровски им додели орден за заслуги за Република Северна Македонија, постхумно на драмскиот писател Горан Стефановски, музичарот Зафир Хаџиманов и лингвистот Ремзи Несими. На свеченоста презентирани богатите биографии и наследството кое го оставија во дејностите во кои неуморно работеа. Огромна благодарност за ова признание од нивните најблиски.

Орден за заслуги и за бизнисменот Живко Мукаетов. Признанието е за професионалните стандарди во фармацевската индустрија, за филантропска култура и општествена одговорност.

Во обраќањето шефот на државата искажа почит кон ликот и делото на четворицата добитници. Сакаме да ги истакнеме поединците кои ја прават поголемата слика за напредокот на нашата заедничка татковина, рече Пендаровски.

 

Викторија Милевска