ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, Заев пред Мицкоски
ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, Заев со поголема доверба од Мицкоски - резултати од анкетата на Американскиот Национален демократски институт – НДИ. Граѓаните загрижени за демократијата, европската интеграција, економското закрепнување...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во водоство пред владејачката партија СДСМ, додека поголема доверба од испитаните добил лидерот на СДСМ ,Зоран Заев, а втор на листата е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски- покажуваат резултатите на најновата анкета на јавното мислење на Националниот демократски институт (НДИ). Граѓаните на Северна Македонија беа анкетирани на теми поврзани со демократија, владеење, мислење за Ковид-19, геополитика и дезинформации.
14 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 10 отсто за СДСМ. Од останатите партии, ДУИ има поддршка од пет проценти, исто толку и Левица. Алијанса за Албанците има рејтинг од 4 процнети, покажуваат резиултатите на анкетата.
За лидерот на СДСМ, Зоран Заев 8 отсто од анкетираните го дале својот глас, Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има 5 отсто доверба, Стево Пендаровски и Димитар Апасиев имаат рејтинг од 4 отсто, а Зијадин Села и Али Ахмети по 2 отсто. Дури 50 отсто од граѓаните што учествувале во анкетата немаат доверба во ниту еден од политичарите.
Нa прашањето „Дали нивото на демократија во земјата се влошува, исто е или се подобрува?“ 52 отсто одговориле дека се влошува, а 16 отсто дека се подобрува.
64% од граѓаните на Северна Македонија веруваат дека земјата се движи во погрешна насока.
Во анкетата на НДИ има прашања и за поддршката за Европската унија во земјава која е намалена – 67% од испитаниците би гласале за членство во ЕУ, перцепциите за ЕУ се влошени, а 19% се против членството во ЕУ, процент кој во 2018-та изнесувал 10%.
Поддршката за НАТО останува висока со 63% (64% во 2018), додека противењето на воениот сојуз се зголемило за 9% во однос на 2018-та, и сега изнесува 24%. Позитивното мислење за Турција, Русија, САД и Кина е зголемено во однос на 2018-та.
Ова истражување е нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2.410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%.
Игор Панов
