Почнува собирањето потписи за независни листи
Најдоцна на 23-ти септември ДИК на својата веб-страница, а ОИК во сите население места ќе ги огласи утврдените листи за градоначалници и за советници.

Постапката за собирање потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори почнува денеска согласно роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30-ти август на полноќ. Во меѓувреме повеќе групи на граѓани најавија собирање потписи за учество со свои листи на локалните избори.
Најдоцна на 23-ти септември ДИК на својата веб-страница, а ОИК во сите население места ќе ги огласи утврдените листи за градоначалници и за советници.
Кампањата за локалните избори почнува на 27-ми септември на полноќ и трае до полноќ на 15-ти октомври.
Граѓаните со право на глас кои сакаат да се изјаснат на локалните избори закажани за 17-ти октомври, своите податоци можеда ги проверат во избирачкиот список преку веб-страната на Државната изборна комисија.
Официјално, јавниот увид на избирачкиот список за изборите ќе започне на 21-ви август и ќе трае до 9-ти септември.
На локалните избори годинава првпат за проверка на идентитетот на граѓаните ќе се применат систем и терминали за вчитување на отпечатоци од прсти. Првите 250 терминали треба да се испорачани на 25-ти август.
