Мерките го зголемија интересот за вакцинација, ЕУ ги прифати македонските сертификати
ЕУ ги прифати македонските вакцинални сертификати за слободно движење на имунизрани граѓани во земјите- членки. Зголемен интересот за имунизација кај младите. Расте и бројот на заразени и хоспитализирани пациенти...

Рестриктивните мерки го зголемија интересот за вакцинација. Гужви на пунктовите. Најбројни младите, малолетните во придружба на родител, во поликлиниката „Букурешт“ од раните утрински часови чекаа прва доза вакцина.
Имунизацијата се одвива непречено на сите пунктови во земјава. Докторите уверуваат дека вакцините се безбедни и спречуваат заболување и тешка форма на болеста. Според податоците на Министерството за здравство во вторникот биле имунизирани речиси 17.000 граѓани. Прва доза примиле околу 12.000.
Ако кај лицата кои веќе примиле прва доза од вакцината се потврди дека се позитивни, втората доза се одложува до комплетно опоравување од вирусот. Оние што веќе се избориле со коронавирусот, може да се вакцинираат по еден месец- велат докторите.
Европската унија ги прифати македонските вакцинални сертификати. Обезбеди слободно движење на имунизираните граѓани во земјите- членки во услови на пандемија. Министерството ја информирало комисијата дека издава ваков докуемтн за сите пет вакцини, Астра Зенека, Фајзер, Спутник, Синофарм и Синовак, но со оглед дека руската не е признаена, секоја од државите одделно ќе ја носи одлукатаа дали ќе дозволи непречено движење на лицата кои ја примиле.
Александра Спировска
