Ковид-19

Кичевската болница се полни, најмладиот пациент има 21 година

19.08.2021 15:43

Делта сојот ја полни и кичевската болница. Сериозна е состојбата, најмладиот хоспитализиран пацинет е 21 година. Секојдневно се прегледуват околу 100 пациенти, вели првиот човек на болницата...

Делта сојот ја полни и кичевската болница.  Сериозна е состојбата, најмладиот хоспитализиран пацинет е 21 година.  Секојдневно се прегледуват околу 100 пациенти, вели првиот човек на болницата, д-р Станко Трпески. Додава дека за преглед на пациентите со коронавирус потребно е време, а жал немаат трпение, нервозни се и агресивни.

Од пациентите што сесо општа лоша состојба, над 90 проценти се невакцинирани, или пак, вакцинирани со една доза, вели доктор Трпески. Додава дека апелот што лекарите го давале пред три- четри месеци да се имунизираат не го послушале. Со заострување на мерките почна да расте интересот за имунизација.

Според податоците на надлежните секој ден расте на бројот заболени со коронавирус. Најмногу новозаразени во Скопје, Гостивар, Тетово и Куманово.

 

Наташа Јанчиќ Менковски