Поповски во Гостивар вети дека нема да отстапи од уставното име

26.03.2014 13:24

ГРОМ на Стевчо Јакимовски вчера вечер одржа митинг во Гостивар. Кандидатот за претседател Зоран Поповски порача дека ќе биде претседател на сите граѓани, без разлика на било каква припадност...

Доста ни е од празни изјави дека сакаме да бидеме членка на Европската унија и НАТО. Ние тоа ќе го покажеме на дело. Сакам да ги отвориме сите недоразбирања во однос на името и идентитетот. Ова на вечерашниот митинг на плоштадот во Гостивар го порача кандидатот за преседател од ГРОМ, Зоран Поповски.

„Сакам да ви порачам, цврсто и недвојбено, дека нема отстапување од уставното име и од идентитетот на граѓаните“, изјави Зоран Поповски – Кандидат за претседател од ГРОМ.

Сакаме да се зафатиме со решавање на вистинските проблеми. Само така името ќе остане единствен изолиран проблем при нашите евроатлански интеграции, порача лидерот на партијата Стевчо Јакимоски.

„Ако Македонија биде силна од внатре, таа ќе биде уште посилна кон надвор. Тоа е нашиот концепт - да си ги средиме внатрешните односи“, рече Стевчо Јакимовски – Претседател на ГРОМ.

На митингот беше речено дека Поповски е кандидат со граѓанска визија и дека ќе биде претседател на сите граѓани, без разлика на било каква припадност.

 

Зоран Јованоски