Предизборни комбинации и пораки
„Mицкоски се уште не е подготвен да вози велосипед во мултиетнички средини“, вели премиерот Заев за плановите на опозицијата за заеднички настап со албански партии. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со став - СДСМ знае дека ќе губи и бара изговори за да ги одложи локалните, силно треба да се делува. Алијансата на Села најави дека наскоро соработката ќе се официјализира. Левица одбива...

Треба да се обраќаме еднакво кон сите етнички заедници, а не како Мицкоски само кон една – критикува премиерот Зоран Заев. Смета дека лидерот на ВМРО – ДПМНЕ е заглавен во националистичкиот пристап, што не е дозволено во една мултиетничка држава. Затоа според Заев, опозициската партија ќе ги изгуби изборите.
Мицкоски пак е убеден во победа на локалните избори, но и подоцна за формирање ново владино мнозинство. Посредно најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи, ќе бара предвремени парламентарни избори. Посочи дека пред финиш се разговорите за коалицирање со албанските опозициски партии.
Арбен Таравари посочува, коалицијата Алијанса за Албанците/ Алтернатива преговараат со сите партии. Пред крај се со преговорите за кои очекува официјализирање следната недела. Приморани се на коалицицирање бидејќи тоа го сторила и ДУИ.
Претседателот на Левица, Апасиев преку статус на Фејсбук му одговори на Мицкоски за понудата за соработка на локалните избори. Политичкото рацио на Левица е да стане власт, напиша Апасиев.
Миле Ристески
