„Вакцинирај се“- Владата со кампања за масовна имунизација
Пред нас е тежок период, предупреди премиерот Заев. Вакцината е безбедна и ефикасна, а граѓаните немаат компликации. Протестот против вакцинирањето е уставно право, но исто така и здравјето, порака од шефот на владата. Се соочуваме со силен бран, а болниците се полнат, рече министерот за здравство Филипче. Единствен излез од кризата е масовната вакцинација, истакна тој...
„Вакцинирај се“- Владата со кампања за масовна имунизација. Пред нас е тежок период, предупреди премиерот Заев. Вакцината е безбедна и ефикасна, а граѓаните немаат компликации. Протестот против вакцинирањето е уставно право, но исто така и здравјето, порака од шефот на владата.
Фактот дека 90 отсто од заразените последната недела се невакцинирани и ист процент од хоспитализираните е недовлсмислена порака за ефикасност на вакцините, нагласи Заев.
„Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и смртни случаи. Да го прифатиме повикот за масовна вакцинација, за да можат децата да тргнат на училиште, да се вратат артистите на сцените, да заживее економијата, да почнеме пак нормално да живееме“, рече премиерот Зоран Заев.
Се соочуваме со силен бран, а болниците се полнат, рече министерот за здравство Филипче. Единствен излез од кризата е масовната вакцинација, истакна тој.
„Со појава на новиот бран од 101 починат пациент, 92 не биле вакцинирани, а само 9 примиле вакцина, но биле со повеќе хронични заболувања. Вакцината е најсилното оружје за борба против вирусот“, нагласи Филипче.
Заев и Филипче апелираа да се вакцинираат и нагласија дека последните мерки дале резултат и зголемен е бројот на имунизирани граѓани.
