Ковид-19

Расте бројот на заразени и хоспитализирани во Струмица

23.08.2021 13:20

Од 50 пациенти кои се под лекарски надзор во болницата, пет пациенти се со комплетна имунизација, но се повторно позитривни и се третираат на дневна амбуланта, 22 пациенти се хоспитализирани на Инфективно одделение, а останатите триесетина посетуваат дневна болница.

Бројот на заразени во Струмица секојдневно расте. Од 50 пациенти кои се под лекарски надзор во болницата, пет пациенти се со комплетна имунизација, но се повторно позитривни и се третираат на дневна амбуланта, 22 пациенти се хоспитализирани на Инфективно одделение, а останатите триесетина посетуваат дневна болница.

Директорката на болницата Кузмановска, уверува дека граѓаните кои се вакцинирани против Ковид-19, а се позитивни на вирусот, се во многу мал број и се со лесна клиничка слика. Вирусот има најтешка форма кај невакцинираните граѓани.

Проблемот со екипирање на медицинскиот персонал е надминат, децидна е Кузмановска. Се ангажираат и специјалнизантите, како и нововработените лекари по општа медицина.

Во првиот бран на пандемијата во струмичката болница на помош на лекарите доаѓаа специјалисти од „8-ми Септември“ и државната клиника, како и од Кавадарци и Валндово.

Петта општина по број на активни со Ковид- 19 е Струмица. Во моментов 561 граѓанин се регистрирани како ковид позитивни.

Стојне Митева