Највисоки стипендиите за природни науки
На барање на студенстките организации, извршени се измени во стипендирањето на редовните студенти во државата. Од оваа студиска година се воведува субвенционирање на студенсткиот оброк девет месеци во годината, дел од стипендиите се зголемени, а ќе се стипендираат и постдипломските и докторските студии. Трибина за студенсткиот стандард се одржа во Штип...

Зголемување на студенстките стипендии, субвенционирање на оброк и стипендирање на втор и трет циклус на студии. Ова се барањата кои студенстките организации пред околу една година и ги испорачаа на министерката Царовска, а стапуваат на сила од оваа студиска година.
Министерката Царовска со студентите на УГД разговараше за студенсткиот стандард. Од оваа година социјалните стипендии изнесуваат шест илјади денари.
Универзитетот им припаѓа на студентите и нивните права се неприкосновени, вели ректорот на УГД. Освен стипендиите од Министерството за образование, УГД ги ослободува од партиципација најдобрите студенти, а нуди и стипендии од бизнис заедницата од регионот.
Државата мора да инвестира во квалитетно високо образование – беше заклучокот од денешната средба на Министерката Царовска со студентите во Штип.
Славица Величковска
