Локални избори

Голем дел од кандидатите за градоначалници и понатаму се држат во тајност

25.08.2021 09:37

Партиите и натаму голем број од кандидатите за градоначалници за локалните избори ги држат во тајност. Синоќа извршниот одбор на СДСМ утврди нови, дополнителни кандидати за градоначалници. Официјално сѐ уште не се објавуваат. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека во почетокот на идната недела ќе биде познат нивниот фаворит за Град Скопје и ќе биде појасно дали ќе има соработка со коалицијата Алијанса- Алтернатива...

Партиите и натаму голем број од кандидатите за градоначалници за локалните избори ги држат во тајност. Синоќа извршниот одбор на СДСМ утврди нови, дополнителни кандидати за градоначалници. Официјално сѐ уште не се објавуваат.

Од партијата само кратно соопштија дека сите утврдени кандидати се дел од најдобрата понуда на СДСМ за локалните избори. Социјалдемократите во фази ја објавуваат, како што велат, победничката понуда со која партијата излегува пред граѓаните како фаворит на локалните избори.

И во ВМРО-ДПМНЕ се убедени дека тие ќе ја освојат локалната власт. Од таму најавија дека во почетокот на идната недела ќе биде познат нивниот фаворит за Град Скопје и ќе биде појасно дали ќе има соработка со коалицијата Алијанса- Алтернатива. Лидерот на партијата Мицкоски од Гевгелија најави крај на, како што рече, хаосот и апатијата.