Заев: Нема одложување, попис мора да има и ќе има

26.08.2021 11:48

За евентуално одложување вели- првата седница по одморите на Собранието е на 14 септември, а пописот почнува на 5-ти. Заев тврди дека надлежните се подготвени за спроведување на статистичката операција.

Нема одложување, попис мора да има и ќе има, категоричен премиерот Заев. За евентуално одложување вели- првата седница по одморите на Собранието е на 14 септември, а пописот почнува на 5-ти. Заев тврди дека надлежните се подготвени за спроведување на статистичката операција.

„Се е подготвено за пописот и драго ми е што нашата земја конечно покажува капацитет да спроведе ваква статистичка операција која значи фер, рамноправност, еднаквост во распределбата на економските ресурси, во правото на развојот и во квалитетот на живот за граѓаните. Многу е важно да се спроведе пописот“, нагласи премиерот Заев.