ВМРО-ДПМНЕ: Владата и ДЗС неспособни да организираат попис

26.08.2021 12:13

Според, партијата, власта ја води целосно аматерски постапката околу организацијата на пописот. Дополнително, целата ситуација ја влошува четвртиот бран на Ковид-19, кој исто така е толку голем поради неспособноста на власта.

Владата и Државниот завод за статистика се неспособни да организираат попис, решението е електронски попис, став на ВМРО-ДПМНЕ.

Според, партијата, власта ја води целосно аматерски постапката околу организацијата на пописот. Дополнително, целата ситуација ја влошува четвртиот бран на Ковид-19, кој исто така е толку голем поради неспособноста на власта.

Со електронски попис, без физичко посетување на граѓаните во домовите, ќе се спречи заразата да се шири, а ќе може точно да утврдиме колку има население во Македонија, за да нема манипулации какви што власта сега сака да прави, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.