Дендиас доаѓа во Скопје, ќе се направи евалуација на спроведувањето на Преспанскиот договор

26.08.2021 14:06

Шефот на дипломатијата на Грција Никос Дендиас кон крајот на месецот доаѓа во посета на Северена Македонија, при што ќе се направи и евалуација на спроведувањето на обврските од Преспанскиот договор...

Шефот на дипломатијата на Грција Никос Дендиас кон крајот на месецот доаѓа во посета на Северена Македонија, при што ќе се направи и евалуација на спроведувањето на обврските од Преспанскиот договор, а ќе се разговара и за поддршката на Атина во однос на нашата евроинтеграција, најави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Сметам дека е важна посета, повратна после мојата во Атина и зборува за интензитетот на комуникацијата на високо ниво што е одраз на добрите билатерални односи меѓу нашите држави коишто се и повеќе од само имплементирање на Преспански договор, бидејќи Преспанскиот договор предвиде создавање на стратешко партнерство меѓу нашите две држави и ние тоа во континуитет го градиме и го подобруваме и во политичкиот и во економскиот контекст, рече Османи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во МНР со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Посочи дека во МНР е формирана работна група за следење на имплементацијата на Преспанскиот договор вклучувајќи и координатор и тековно се следат на неделна основа нашите обврски.