Одбележани 22 години од формирањето на SEEBRIG

Шекеринска: Регионалното заедништво е многу важно

26.08.2021 14:41

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово со воена свеченост се одбележа 22 годишнината од формирањето на Командата за југоисточна Европа, во која членуваат армии на Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција. Во рамки на свеченоста се изврши и примопредавање на претседателството кое од Република Албанија го презема Бугарија, која наредните две години ќе ја води командатата.

Пандемијата, поплавите и пожарите не посетија на важноста на постојано развивање на регионалната соработка, посочи министерката за одбрана Шеќеринска при обраќањето на воената свеченост на предавањето на претседателството со Процесот на министерска соработка во одбраната во Југоисточна Еропа, од Република Албанија на Република Бугарија, која се одржа во касарната Боро Менков во Куманово, каде што е и седиштето на Бригадата. На настанот се одбележа и 22-годишнината од формирањето на бригадатата, во која членуваат армиите на Северна Македонија, Бугарија, Грција, Албанија, Романија и Турција.

„Регионалната стабилност не е избор, туку потреба за сите наши земји и за нашиот регион. Ниту членството во НАТО, ниту членството во ЕУ, нема да ги дадат очекуваните придобивки без нашата регионална соработка. Северна Македонија останува посветена на подобрување на нашата регионална соработка на иницијативи како оваа, но и на продлабочување на нашата соработка во рамките на SEEBRIG“, посочи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Министерката порача дека по исполнувањето на една од двете стратешки цели на земјава – членството во НАТО, приоритет е интеграцијата во ЕУ.  Во следните две години, претседателството ќе го преземе Република Бугарија.

„Процесот за соработка на министерствата за одбрана на Југоисточна Европа е исклучителен пример за конструктивна соработка што ја зајакнува меѓусебната доверба и разбирање во Југоисточна Европа. Се обезбедуваат поволни услови за динамичен регионален дијалог и соработка во одбраната и безбедноста“, нагласи Димитар Илиев, генерал – потполковник, заменик - началник на Генералштабот на Бугарија.

Како дел од овој процес, на почетокот на ноември во Скопје ќе се одржи министерски состанок, на кој се очекува да бидат реафирмирани политиките на заедништво и солидарност во справувањето со новите закани и предизвици.

 

Елена Георгиевска