Расте интересот за имунизација во струшко, дневно се вакцинираат од 300 до 500 граѓани
Расте интересот за вакцинација во струшко. Новите мерки последните десеттина дена предизвикаа и гужви на вакциналните пуктови. Во Струга има 447 активни случаи на коронавирусот, а 32 се хоспитализирани...

Расте интересот за вакцинација во струшко. Дневно се вакцинираат од 300 до 500 лица. Имунизацијата се одвива на два пунктови. Досега во Струга се имунизирани околу 15.500 граѓани, но дел од жителите од струшко се вакцинираа во регионалниот центар во Охрид. Здравствениот дом во Струга врши и теренска вакцинација на стари и неподвижни лица во поодалечните села.
„Се јавуваат многу болни и изнемоштени што одиме дома тоа одамна го практикуваме. Фактички тоа е теренска вакцинација. Одиме Луково, Делогожда, Богојци по села оддалечени и по 20 километри“, додава Ложанкоски.
Новите мерки последните десеттина дена предизвикаа и гужви на вакциналните пуктови.
„Чекаме од 7 часот наутро, сега завршив со вакцинацијата, чекањето е мачно“, вели еден стружанец.
„Треба да има ред, подобро со повици. Треба да има две-три места за вакцинација, бидејќи имам 80 години, да чекам 3-4 часа, не е добро“, вели повозрасен стружанец.
„Има еден час како чекаме, но тоа е, што да правиме “, додава негов сограѓани.
Струга е еден од градовите со понизок процент на вакцинација. На почетокот на август 23% од населението беше имунизирано. Во општината во моментов има 447 активни случаи на коронавирусот, а 32 се хоспитализирани. Модуларната болница е исполнета, пациенти се сместуваат и на интерното одделение.
Соња Рилковска
