Здравство

83% од новите случаи и 89% од хоспитализираните со Ковид- 19 се невакцинирани

27.08.2021 13:40

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид- 19, информираат од Министерството за здравство. Според статистика за изминативе три недели, 14.096 граѓани, односно дури 83% од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89%, додека само 11% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Во период од 6 до 26 август на територија на државата, 17.020 граѓани се позитивни од тестирани на Ковид- 19, од нив 17% биле целосно вакцинирани, односно 2.924 лица.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид- 19, информираат од Министерството за здравство. Според статистика за изминативе три недели, 14.096 граѓани, односно дури 83% од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89%, додека само 11% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од три седмици на територија на државата починале 276 лица со Ковид-19, 246 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 30 (10%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Министерството за здравство информира дека рапиден раст е детектиран на реинфекции со Ковид- 19, во период од 15 август до 22 август. Институтот за јавно здравје анализирајќи ја неделната епидемиолошка состојба во државата има детектирано дека во период на една недела 54 лица кои еднаш биле позитивни на Ковид- 19, повторно се заразиле со вирусот. Ако се анализира состојбата од почетокот на пандемијата, заклучно со 22 август 2021 година, во земјата вкупно се детектирани 351 случај на повторно заразување со вирусот.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.