Средните училишта во Тетово и Гостивар ќе почнат онлајн, основните со физичко присуство
Средните училишта во Полошко првите две недели онлајн, а основците со физичко присуство, одлука на Главниот кризен штаб и Комисијата за заразни болести. Тетовскиот кризен штаб бараше наставата на сите ученици првите три недели од септември да се спроведува онлајн, поради лошата епидемиолошка состојба. Епидемоилошката состојба се подобрува, бројките се намалуваат како резултат на зголемениот интерес за имунизација, тврди Филипче...

Заштита на болничките капацитети во Тетово и Гостивар, кои имаат голем притисок и наплив од пациенти беше пресудно да се донесе одлуката, рече министерот за здравство Венко Филипче. Дали и по две недели од почетокот на учебната година наставата во средните училишта во Полошко ќе продолжи онлајн, ќе зависи од епидемиолошката состојба во регионот.
Добра вест е што на ниво на сите региони, епидемоилошката состојба се подобрува, бројките се намалуваат и сето тоа како резултат на зголемениот интерес за имунизација, посочи Филипче.
Предлогот кој го донесе Кризниот штаб на Општина Тетово сите вработени во образованието да бидат вакцинирани или секој трет ден кога одат на работат да приложуваат ПЦР тест, дополнително ќе се разгледа и ќе се донесе конечна одлука, дополни Филипче.
Зоран Димовски
