Стартува изградбата на трафостаницата Охирид, проект вреден 50 милиони евра
Премиерот Заев истакна дека оваа капитална инвестиција е од огромна важност за градење поразвиена и постабилна енергетска инфраструктура во земјава и во регионот.

Почна изградбата на трафостаницата Охирид, која треба да ја обезбедни најголемата преносна електроенергетска мережа во земјава. Ќе биде поврзана на новиот 400 киловолтен интерконективен далновод Битола, Северна Македонија и Елабасан, Албанија во должина од 94,7 километри. Проектот е во вредност од 50 милиони евра. Се очекува да биде завршен во 2023-та година.
Премиерот Заев истакна дека оваа капитална инвестиција е од огромна важност за градење поразвиена и постабилна енергетска инфраструктура во земјава и во регионот. Со оваа инвестиција, во полна функција ќе биде ставен електроенергетскиот коридор исток – запад што значи транзит на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија до Италија, нагласи Заев.
Изградбата на далеководот ќе придонесе во поврзувањето и регионалното интегрирање на енергетските пазари, ќе ја подобри сигурноста во снабдувањето со електрична енергија и ќе биде новиот автопат за пренос на електрична енергија што ќе овозможи пристап на сите економски оператори до енергнси и конкурентност на цени, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши.
Според министерот Бочварски, со овој проект се обезбедува квалитетно и непрекинато снабдување со електрична енергија на стопанството, се надминуваат проблемите и се подобрува мрежата во југозападниот дел од државата.
Поставувањето камен темелник за далекуводот Битола-Елбасан е очајнички обид на власта да прикаже наводно работење, односно сее ветер и магла, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Кредитот во ЕБОР бил обезбеден во 2015-та во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ за да се заврши енергетскиот коридор Исток-Запад. Не е изградена ниту трафостаницата во Охрид, така што со проектот се доцни повеќе години, што укажува на неспособноста на СДСМ да создава нови вредности за доброто на граѓаните и државата, велат во опзициската партија.
