Пратениците се вртаќаат на работа во Собранието
30.08.2021 09:46
Според најавите, се очекува координаторите на пратеничките групи да имаат средба со спикерот Џафери, по што ќе се знае како ќе тече работната недела на пратениците.
Пратениците по летните одмори, од денеска се враќаат на работа во Собранието, речиси на месец и пол пред локалните избори.
Според најавите, се очекува координаторите на пратеничките групи да имаат средба со спикерот Џафери, по што ќе се знае како ќе тече работната недела на пратениците.
По координацијата ќе се знае кога и дали би било свикано продолжение на некоја од собраниските седници.
На собраниската веб страница како незавршени стојат осум седници од годинава, од кои пет се закажани од мај до јули.
Нова седница се најавува за средината на септември.
