Одложено судењето за случајот „Плацеви на Водно“, обвинителката Стефанова ќе се тестира за Ковид-19

30.08.2021 11:27

Следното рочиште за предметот „Плацеви на Водно“, според календарот за Судот, е закажано за 2-ри септември...

Обвинителката Лиле Стефанова била во контакт со позитивен на Ковид – 19, поради што и самата ќе се тестира. Ова е причината за денешното одложување на рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“. Следното рочиште за предметот „Плацеви на Водно“, според календарот за Судот,  е закажано за 2-ри септември.

Првообвинет во овој случај е поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство и му се суди во отсуство. Им се суди и на поранешниот шеф на УБК - Сашо Мијалков, и на бизнисменот Орце Камчев како и на уште тројца обвинети. Се товарат дека незаконски купиле и прикриле имот на Водно.

Одбраната тврди дека нема докази за нивната вина и дека обвинението е конструкција.