Политика
Шефот на грчката дипломатија Дендиас утре доаѓа во Скопје
30.08.2021 13:39
Според агендата, предвидени се средби со македонски државен врв, а тема ќе биде евалуација на досегашното спроведување на Преспанскиот договор...

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас утре доаѓа во Скопје. Според агендата, предвидени се средби со македонски државен врв, а тема ќе биде евалуација на досегашното спроведување на Преспанскиот договор.
Се очекува грчкиот министер за надворешни работи да ја отвори и темата за натамошната поддршка на официјална Атина во однос на македонските евроинтеграции.
Министерот Османи пред неколку денови изјави дека заеднички ќе се прави проценка и на обврските што ги има Грција во однос на имплементацијата на спогодбата од Преспа.
