Болниците се полнат, расте интересот за имунизација
Четвртиот бран не стивнува, се полнат ковид одделенијата во државава. Расте бројот и на активните случаи. Здравствените власти со апел за имунизација. Интересот расте, вакцини има доволно, вели за МТВ првиот човек на Здравствениот дом Скопје, Исјановски...

Имунизацијата оди во добар правец, вакцини има доволно, вели Исјановски, првиот човек на Здравствениот дом Скопје. Над милион и двеста илјади луѓе се вакцинирани со прва доза, се врши и теренска вакцинација. Додава дека има интерес кај граѓните и за примање на трета доза вакцина.
Пандемијата влијае и на психолошкото здравје. Стравови, анкциозност, депресија се дел од проблемите со кои се соочуваат, најмногу оние кои биле хоспитализирани подолг временски период, вели доктор Исјановски. Според него, добро е тоа што изминатите неколку месеци се вративме на приближно стар начин на живеење, но со одредени мерки и протоколи, сепак да се заштити сопственото и јавното здравје.
Во земјава расте бројот на активни случаи, се полнат ковид одделенијата. Кампањата за неопходната вакцинација е во полн ек, дневно се имунизираат над 10 илјади граѓани.
Ана Јосифоска- Тодоровска
