МЗ: Учебната година почнува со физичко присуство, апелираме родителите да се вакцинираат
Mинистерството за здравство апелира за масовна вакцинација, особено на родителите чии деца ќе тргнат на училиште и во градинка, како би се заштитиле семејствата.
Оваа учебна година започнува редовно, со физичко присуство во основните и средните училишта, а ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи. Ваквата стратегија се покажа како добра минатата учебна година, кога 40 отсто од учениците следеа физичка настава, соопштуваат од Министерството за здравство.
Исклучок од оваа одлука ќе бидат децата со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни членови на семејството, по барање на родителите, или други немедицински причини, со дозвола на училиштето.
Mинистерството за здравство апелира за масовна вакцинација, особено на родителите чии деца ќе тргнат на училиште и во градинка, како би се заштитиле семејствата.
Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар како приоритет, притоа одржувајќи го континуитетот на образованиот процес.
