Шефот на грчката дипломатија, Дендијас денеска во Скопје
Посетата на грчкиот министер за надворешни доаѓа во значаен период кога околностите на регионот и глобалните кризи налагаат заедничко координирање и дејствување меѓу двете соседните земји, со што се потврдува и унапредува нашето стратегиско партнерство, велат од македонското МНР.

Мистерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас денеска во посета на земјава. Ќе се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Посетата на грчкиот министер за надворешни доаѓа во значаен период кога околностите на регионот и глобалните кризи налагаат заедничко координирање и дејствување меѓу двете соседните земји, со што се потврдува и унапредува нашето стратегиско партнерство, велат од македонското МНР.
За време на посетата министерот Дендијас ќе оствари средби и со највисоките претставници на нашата држава.
