ЕУ ја отстрани Македонија од ковид- листата на безбедни земји

31.08.2021 09:54

Од списокот се отстрануваат и Израел, Косово, Либан, Црна Гора, Северна Македонија, Соединетите Американски Држави.

Советот на ЕУ ја отстрани Македонија од списокот на безбедни земји поради бројот на новозаболени со Ковид-19, кој секојдневно расте. Од списокот се отстрануваат и Израел, Косово, Либан, Црна Гора, Северна Македонија, Соединетите Американски Држави.

Ова не е во спротивност со можноста, земјите- членки да го укинат привременото ограничување за несуштински патувања во Унијата за целосно вакцинирани патници.

Како што е наведено во препораката на Советот, оваа листа ќе продолжи редовно да се ревидира и да се ажурира.